Email This
Hits: 123
Коментари (0)

Што мислите за оваа вест
Селебрити
Шон Пен исфрлен од забавата по Оскарот
Како изгледа се враќа оној стариот Шон Пен, а неговото однесување најдобро се опишува со надимакот кој одамна му го дадоа американските таблоиди - лошото момче од Холивуд.
Всушност, по своите херојски дела на Хаити, каде што активно учествуваше во спасување на преживеаните, Шон Пен повторно прави проблеми. Откога на своите критичари, кои го обвинуваат дека својата хуманитарна работа ја користи за да се промовира, им рече дека сака да ги види мртви во најголеми маки од реактален канцер, еве повторно нов скандал.
На забавата која се одржа по доделувањето на Оскарите, Шон физички го нападнал продуцентот на филмот “The Hurt Locker”, Грег Шапир, за кој се зборува дека е новата љубов на поранешната сопруга на Шон, Робин Рајт. По овој инцидент глумецот од забавата бил исфрлен.
Шон и Робин Рајт се разведоа минатата година, по дваесет години поминати заедно од кои четиринаесет години во брак. Двојката има две деца ќерката Дилан (18) и синот Хопер (16)






