Интернет гигантот Google ги здружи силите со други најсилни сателитски ТВ оператори во САД, фирмата Dish Network, за заедно да ги тестираат услугите за пребарување на телевизиски канали.
Информациите од новиот проект на Google, прилично се сиромашни, а услугите наводно, некое време ги тестира компанијата која ќе биде вклучена во новата услуга.
Според достапните информации, телевизиската услуга на Google, ќе се наоѓа на set-up box, телевизиските приемници, а на корисниците би им овозможувала пребарување на достапни телевизиски канали и пребарување на онлаин видео сервиси како You Tube и слични.
Корисниците на тие апарати би управувале со тастаурата, наместо со далечински управувач.
Google, со оваа нова услуга, сосем сигурно пробува додатно да го имплементира својот сектор за телевизиско огласување во секое домаќинство. Наиме, Google TВ е проект за рекламирање, кој им овозможува на компаниите, прикажување на реклами зависно од корисничките навики.