Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии ќе се служи утрински Бајрам-намаз.
ВЕСТИ
Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам
Деветнаесет години независност на Р. Македонија
Република Македонија денеска ја слави деветнаесет годишнината од нејзината независност, сувереност и самостојност.
Друцас нов грчки министер за надворешни работи
Димитрис Друцас е нов министер за надворешни работи на Грција - пренесува грчката агенција АНА -МПА.
Уапсен убиецот на кичевчанката Верица К.
Убиецот кој со 25 убоди од нож ја усмртил седумдесет и петгодишната кичевчанка Верица К. и ја фрлил во близина на кичевската болница вчера попладне е уапсен, потврди полицијата.
Македонија ќе бара екстрадиција на Лирим Јакупи - Нацист
Македонија ќе бара од косовските власти да го екстрадираат Лирим Јакупи – Нацист, кој вчера беше уапсен во стан во центарот на Приштина, бидејќи потерницата по него е сè уште активна во земјата.
Во Приштина уапсен Лирим Јакупи - Нацист
Специјалните полициски сили на Косово вчера во центарот на Приштина го уапсија Лирим Јакупи - Нацист (31), еден од најопасните криминалци и екстремисти на Балканот, осудуван за убиства, терористички напади и киднапирања во Косово, во Македонија и во Србија.
Ја убил сопругата зошто му ги открила аферите на Фејсбук
Еден младоженец ја убил неговата сопруга, по пет месеци од бракот, откако таа ги открила неговите афери на Фејсбук.
Тони Димковски Бели е синоќешниот убиец
Според полициски извори, Димковски денес сам се пријавил дека е извршител на тројното убиство во рибарницата Биг Фиш. Мотивот за нападот биле нерасчистените должничко доверителски односи
Се уште не се открива идентитетот на убиените во Аеродром
Се уште нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за идентитетот на тројцата убиени во вчерашниот инцидент во рибен ресторан во скопската населба Аеродром.
Лист 1 од 39




















