Thursday, Sep 09th

Апдејт:01:57:54 PM GMT

вие сте: Вести Македонија “То Вима“: Земјата да се вика “Република Северна Македонија“

“То Вима“: Земјата да се вика “Република Северна Македонија“

Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

САД  предлагаат  името Република Северна Македонија да ја замени референцата БЈРМ и јазикот да се нарече „северномакедонски“.



Ова како што пишува денеска грчкиот весник „То Вима“, се предлозите до грчкиот премиер Јоргос Папандреу од американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на разговорите во Вашингтон.

Според истиот извор, доколку Атина се согласи со предлогот САД ќе ја променат одлуката за признавање на уставното име и во иднина така ќе и се обраќаат на Република Македонија.

Обама и Клинтон го уверувале Папандреу дека ако го прифати името „Република Северна Македонија“, ќе свикаат седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе биде потврдено новото име наспроти кратенката БЈРМ, со тоа што името на јазикот би се означувало како „северномакедонски“.

Официјални претставници, за „Вима“, тврдат дека Папандреу се воздржал од одговор на предлогот, а тоа ќе го стори откако ќе ги разгледа сите факти.

Според анализата на Вима на Вашингтон му се брза со проширувањето на НАТО на Западниот Балкан, поради плановите за преместување на системите за противрактетна заштита од Полска, Чешка и Балтикот во Југоисточна Европа и источниот Медитеран.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас кој го придружува премиерот Папандреу во Вашингтон за телевизијата „Скај“ потврди дека прашањето за името, покрај Кипар и односите со Турција, била една од темите на средбите со претседателот и со државниот секретар на САД.

 

 

Hits: 87
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Игротека

 

Ваши писма

 

Чет